More

    Бајден призна дека Израел убивал цивили со американско оружје

    spot_img

    „Јасно кажав дека ако влезат во Рафа… нема да им испорачаме оружје“.

    Ова го изјави претседателот на САД, Џо Бајден, чија администрација постојано бара од Израел план за заштита на цивилите во Рафа, во интервју за Си-Ен-Ен во средата.

    Коментарите на Бајден ја претставуваат неговата досега најсилна јавна изјава во напорите да го одврати израелскиот напад врз Рафа, истовремено укажувајќи на растечкиот јаз меѓу САД и нивниот најсилен сојузник на Блискиот Исток.

    Бајден призна дека Израел користел американско оружје за убивање цивили во Газа каде што Израел започна седуммесечна офанзива со цел да го уништи Хамас. Во израелската кампања досега се убиени 34.789 Палестинци, од кои повеќето цивили.

    – Цивилите се убиени во Газа како резултат на тие бомби и на други начини на кои тие ги напаѓаат населените места – рече претседателот на САД на прашањето за бомбите од 900 килограми испратени во Израел.

    Израел ја нападна Рафа оваа недела каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште, но Бајден рече дека не ги смета израелските напади за целосна инвазија бидејќи тие не погодиле „населени центри“.

    Висок американски функционер, под услов да остане анонимен, рекол дека Вашингтон внимателно ја прегледал пратката на оружје што може да се користи во Рафа и како резултат на тоа ја запрел пратката составена од 1.800 бомби од 907 килограми и 1.700 бомби од повеќе од 200 килограми.

    Интервјуто е објавено неколку часа откако секретарот за одбрана Лојд Џеј Остин јавно призна дека одлуката на Бајден минатата недела да ја прекине испораката на илјадници тешки бомби е донесена поради загриженоста за Рафа каде што Вашингтон се противи на големата израелска инвазија без заштита на цивилите.

    Израелската кампања во Газа беше започната со нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, тогаш биле убиени околу 1.200 луѓе, а околу 250 биле киднапирани, од кои 133 се верува дека сѐ уште се во заробеништво во Газа.

    Бајден рече дека САД ќе продолжат да го снабдуваат Израел со одбранбено оружје, вклучувајќи го и нивниот систем за воздушна одбрана „Железна купола“.

    – Ќе продолжиме да ја обезбедуваме безбедноста на Израел во смисла на Железна купола и нивната способност да одговорат на нападите што неодамна дојдоа од Блискиот Исток. Но, тоа е едноставно погрешно. Нема да испорачаме оружје и артилериски гранати – рече тој.

    Израелската армија моментално ги напаѓа позициите на Хамас во Рафа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img