More

    МИ ЅВОНЕЛ ПЕНДАРОВСКИ ЗА ДА МИ ЧЕСТИТА, АМА ГО ЗАБОРАВИВ ТЕЛЕФОНОТ ДОМА Сѐ уште не знам како е да се биде претседателка, ама ќе се навикнам

    spot_img

    „Со што ја заслужив оваа чест?“

    Вака, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, која е во огромна предност и за која е сѐ поизвесно дека ќе биде прогласена за претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, ја започна вечерашната прес-конференција.

    – Мојата најголема честитка е до граѓаните, искрено си се прашувам со што ја заслужив оваа чест? Јас знам дека се подготвував, се посветив на кампањата и го зборував тоа што го мислам, но наградата е непроценлива за мене. Тоа значи огромна одговорност. Граѓаните покажаа граѓански имунитет, отпорност на притисоците. Да повикувате на бојкот е партиски политички притисок. Се одважија македонските граѓани да излезат стамено и да го дадат гласот на оној за којшто сакаат. Мене не ми се случило да ги убедувам дека сум најумна или неповторлива, туку секогаш оставав изборот да го направат тие. И мислам дека вистински избор направија. Јас мислам дека со мене, држете ме на зборот, кога ќе се опкружам со жени слични на мене, субверзивни, свои, стамени, кои умеат да изразат став поинаков од машкиот, тоа ќе биде голем исчекор. И тоа е за мене реформски чекор, исто како и тоа што многу партии, меѓу кои и новопојавени, навистина политички настапија. Тоа значи опозиција да поддржи опозиција. Значи, не повикуваа на бојкот, не сатанизираа, туку оставија простор за преговори, за договори. Во политиката морате да оставите простор за идниот ден. Ако не ги мерите зборовите, тогаш многу тешко ќе влезете во дијалог. Иако, кај нас, срамот одамна го нема – рече Силјановска Давкова.

    Немав многу време да го следам говорот на господинот Стево Пендаровски, но фатив неколку инсерти. Рекол дека ми ѕвонел на телефон за да ми честита, ама за жал, сум го заборавила телефонот дома, додаде Силјановска Давкова.

    – Мислам дека критиката на бојкотот и на обидот да се киднапира избирачкото право, е добра констатација. Јас кажувам дека сум свесна дека изборната кампања и дебатите се најстрасниот политички процес, но некако во дебатите со Пендаровски завршивме пристојно. Да речам дека таквата оценка има во себе елемент на државнички однос, нешто што не беше многу присутно во овие 30 години во Македонија. Јас тврдам дека ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Тоа значи на сите етнички групи, на сите членови на партиите, на оние кои не се во партиите, бидејќи не може еден претседател да обединува ако држи партиски линии. Портите на моите канцеларии се отворени за сите и јас ќе го исполнам тоа што го ветив во кампањата – рече Силјановска Давкова.

    Среќна сум, иако сѐ уште не знам што значи тоа. Но, знам дека ќе направам сѐ за да ги бранам државните интереси, додаде таа.

    Во моментов обработени се скоро 78% од гласовите на претседателските избори, а Гордана Силјановска Давкова има освоено над 413.000 гласови, додека Пендаровски има освоено над 186.000 гласови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img