More

    ПРИСТИГНАА ПРВИТЕ ДНК НАОДИ ВО СЛУЧАЈОТ СО ДАНКА

    spot_img

    Јавното обвинителство во Заечар ја потврди информацијата дека се пристигнати резултатите од првите ДНК тестови и дека нема биолошки траги на Данка Илиќ, двегодишното девојче чие исчезнување беше пријавено на 26 март во Бањско Поље кај Бор, објави српски Новости.

    – Ги добивме првите неколку извештаи, од само дел од трагите што се испитуваат, а се испитуваат и многу предмети. Во добиените резултати од ДНК нема биолошки траги од девојчето – рекол обвинителот на Вишото јавно обвинителство од Заечар, Миодраг Цановиќ.

    Тој потврдил дека се вештачат околу 500 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП „Водовод“, за кое постои сомневање дека го користеле Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ при извршувањето на кривичното дело, но и дека се вештачат облеката, чевлите на осомничените, предмети и алати од нивните домаќинства, а и траги пронајдени на терен. Вештаци го прегледуваат ГПС уредот од службеното возило за да ги утврдат параметрите на движење на Драгијевиќ и на Јанковиќ на денот на исчезнувањето на девојчето.

    Меѓу пристигнатите извештаи од Националниот центар за криминалистичка форензика, има и резултати од предмети од службеното возило што го управувале осомничените на денот на исчезнувањето на девојчето.

    – Тоа секако не се сите траги. Чекаме да пристигнат и други наоди – додал Цановиќ.

    На 26 март во Бањско Поље, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја удриле Данка со службено возило „фиат панда“, ја задавиле и ја фрлиле на дива депонија на Старобањски пат. Телото на девојчето, по кое се трага од 4 април кога признаа дека ја убиле, сѐ уште не е пронајдено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img