Му честитам на македонскиот народ, Македонија ќе има нов претседател, постигнат е консензусот, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на првата прес-конференција.
– Отворениот бојкот од страна на ДУИ не успеа. Елитите на власта се поразени од народот. Денешниот ден е ги извади на површина сите игри на власта, а со тоа се покажа како точно тоа што го предупредуваме дека ДУИ посакува криза – рече Муцунски.
Тој посочи дека добрата вест е тоа што ДУИ изгубила дупло, бидејќи бојкотот не им е успешен и сосема е извесно дека партијата оди во опозиција.
– Народот денеска излезе на избори да си ја врати Македонија, сите се обединија и гласаа да си ја вратат контролата врз системот која ја немаа. Да се нормализира државата, да се има држава којашто наместо на елитите му припаѓа на народот – додаде Муцунски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ денешниот изборен ден го оцени како мирен, но посочи дека се забележани некои неправилности кои треба да бидат расветлени во наредниот период.
– Неколку функционери од власта се фатени во нелегални активности како го нарушуваат избирачкото право, правејќи поткуп и притисоци, и очекуваме одговор од институциите и истражните органи од каде им се тие пари што е доказ дека оваа власт е најкриминалната до сега – рече тој.
На крај, благодарност за огромната доверба и благодарност за тоа што се случи народ.
– Очекуваме одличен резултат и сосема извесно е дека Силјановска Давкова дека ќе биде идниот претседател на Македонија – рече Муцунски.