More

    Шенген системот се суспендира во пресрет на Европското првенство во фудбал

    spot_img

    Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер донесе одлука за суспендирање на Шенген системот и воведување гранични контроли на сите граници во пресрет на Европското фудбалско првенство на кое Германија е домаќин, објавија германските медиуми. Првенството ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули годинава.

    Минатата година министерката Фезер се колебаше со месеци за носење ваква одлука, иако беше забележан поголем број илегални миграции. Дури во октомври федералната полиција почна да ги проверува границите со Полска, Чешка, Австрија и Швајцарија, пишува Феникс.

    Фезер сега воведува контроли на сите надворешни граници на Германија за Европското првенство на кое Германија е домаќин. Таа го соопшти ова при посетата на станицата за гранична контрола на А6 кај Вајдхаус во сојузната покраина Баварија.

    – Ќе наредам гранични контрола на сите внатрешни граници што ги има Германија со соседните земји навреме, пред Европското фудбалско првенство. Идентификувавме околу 6.000 нелегални влезови од средината на октомври 2023 година, фативме 130 шверцери и спречивме 1.900 луѓе да влезат илегално во земјата – изјави Фезер.

    Целосната контрола на германските граници треба да трае до крајот на Европското првенство. Тогаш ќе истечат и роковите за граничните контроли со Полска, Чешка и Швајцарија.

    Фезер подоцна ќе одлучи за евентуално  продолжување на граничните контроли и по ЕП. Контролите на австриската граница веќе се продолжени до ноември, јавуваат германските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img