Владата на Шведска не планира да одржи референдум доколку Парламентот одлучи да продолжи со барањето за членство во НАТО, изјави премиерката Магдалена Андерсон.
Руската инвазија на Украина ги принуди и Шведска и Финска да ги преиспитаат долгогодишните верувања дека воената неутралност е најдоброто средство за обезбедување национална безбедност, при што се очекува двете земји да донесат одлука во следните неколку недели.
За Андерсон референдумот е „лоша идеја“.
– Не мислам дека тоа е прашање што е погодно за референдум – изјави таа на прес конференција
– Има многу информации за националната безбедност што се доверливи, така што има важни прашања на еден ваков референдум за кои не може да се разговара и важни факти што не можат да се стават на маса – рече Андерсон.
Шведскиот Парламент ќе ја разгледува безбедносната политика со извештај што се очекува во средината на мај.