More

    Зеленски за влакно избегна смрт

    spot_img

    Украински разузнувачи објавија дека спречиле руска завера чија цел била атентат на претседателот Володомир Зеленски.

    Украинската служба за државна безбедност (СБУ) соопшти дека се уапсени руски агенти кои биле вработени во Украинската државна стража. Покрај убиство на Зеленски, украинските разузнувачи наведуваат дека цел на руските агенти биле и други високи држави претставници.

    Шефот на СБУ, Васил Маљик, рече дека неуспешниот атентат требало да биде „подарок“ за Владимир Путин во пресрет на неговата денешна инаугурација.

    – Ограничен број на луѓе знаеја за нашата специјална операција, а јас лично го следев нејзиниот напредок. Терористичкиот напад, кој требаше да биде подарок за Путин пред инаугурацијата, е промашување на руските специјални служби – рече Маљик.

    На Телеграм каналот на СБУ стои дека руски таен агент пренел координати на безбедна куќа пред планираниот воздушен напад. Разузнувачите додаваат дека Русија планирала да ги уништи сите траги на дронот што ќе се користел за гаѓање на Зеленски со друга ракета.

    „Покрај Владимир Зеленски, непријателот планирал елиминација и на шефот на службата за безбедност на Украина, Васил Маљик, шефот на воената разузнувачката служба, Кирил Буданов, и други високи официјални лица“, стои во објавата на СБУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img