Пронајдена направа за прислушување во владини простории во Полска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Направа за прислушување е откриена и демонтирана во салата во административниот штаб на Шлезискиот регион во Катовице пред попладневната седница на чешката влада, соопшти портпаролот на министерот за координација на полските безбедносни служби, Јацек Добжињски.

Службата за државна безбедност и Агенцијата за внатрешна безбедност ја демонтираа таа направа во салата каде што ќе седне полската влада попладне, а беше покрената истрага како дошла таму и кој ја поставил.

Полската влада денеска одржува вонредна седница во Катовице бидејќи премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на меѓународниот економски форум во тој град на југот на Полска.

Владата нема „чувствителни“ теми на дневен ред на денешната седница, најавено е дека ќе одлучува за помош на граѓаните за плаќање на енергетски производи и предлогот на Законот за дигитални комуникации со кој се воведува кодот на Европската унија во оваа област во полските закони.

Share This Article