More

    1,6 милиони пееја на плажата Копакабана

    spot_img

    Дури 1,6 милион луѓе синоќа се собраа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро за бесплатниот концерт на планетарната музичка ѕвезда Мадона, со кој ја заврши турнејата со најголемите хитови „Прослава“.

    Шеесет и петгодишната Мадона повеќе од два часа ги пееше своите најголеми хитови, иако температурите беа околу 27 Целзиусови степени.

    Многумина од нејзините фанови биле таму со часови пред да почне концертот, а некои и со денови со цел да фатат добро место.

    Концертот на кралицата на поп музиката се следеше и од терасите на крајбрежните станови, а побогатите фанови беа закотвени со десетици бродови во морето.

    Повеќе од 3.000 полицајци го обезбедуваа местото, каде што претходно и „Ролингстоунс“ и Род Стјуарт привлекоа милионска публика. Градските власти на Рио кажаа дека за концертот потрошиле речиси четири милиони долари, јави Ројтерс.

    Концертот беше бесплатен, а беше финансиран од најголемата банка во Латинска Америка како подарок за граѓаните.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img