Еве како изгледа скајбарот на Реал Мадрид

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Реал Мадрид е во завршна фаза од проектот за длабоко реновирање на стадионот Сантијаго Бернабеу, кој ќе прерасне во еден од најмодерните и најавангардни спортски објекти во светот.

Еден од „скапоцените камења во круната“ на новиот стадион на „кралскиот клуб“ ќе биде скајбарот сместен во највисокиот дел на новиот Сантијаго Бернабеу.

Овој луксузен простор ќе им понуди на посетителите уникатен поглед, софистицирана декорација и извонредна гастрономија.

Истовремено ќе има поглед кон теренот, но и кон надворешноста, односно кон булеварот „Пасео де Кастелјана“ и центарот на Мадрид.

Сместена во највисокиот прстен на новиот Бернабеу, патеката што го опкружува горниот дел на стадионот ќе зафаќа 700 квадратни метри, со две тераси од по 250 метри.

Овој скајбар ќе биде еден од најголемите и најлуксузните во светот каде што наизменично и истовремено ќе се менуваат фудбалот, гастрономијата и забавата.

Share This Article