Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови најавуваат метереолозите за денеска.
Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температуира ќе се движи од 5 до 12 степени, а максималната ќе биде во интервал од 10 до 22 степени.
Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Температурата во главниот град ќе биде од 10 до 21 степен.