More

    Платформата на ВМРО-ДПМНЕ обврзува на инвестиции во патната инфраструктура, повисоки плати и пензии

    spot_img

    Идната влада во Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски како премиер ќе донесе и нови инвестиции, ќе донесе подобрување на инфраструктурата, ќе имаме подобро образование, ќе има повеќе и за пензионерите, рече од митингот во Маврово Ростуше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во петтата изборна единица, Ѓорѓија Сајкоски.

    Затоа, додаде Сајкоски, повикуваме да ја поддржите програмата „Платфрома 1198″, бидејќи тука има за пензионерите, бидејќи со неа се обврзуваме дека во рок од три месеци по формирањето на владата ќе има зголемување од 5.000 денари за секој пензионер или во текот на целата година ќе добиваат плус 60.000 денари.

    – Но, кажуваме дека ќе има покачување и на платите, дека ќе ја завршиме инфраструктурата во Македонија, бидејќи останаа недозавршени и Градско – Прилеп, остана незавршен и Извор – Бошков Мост, патот Кичево – Охрид и многу други работи кои останаа незавршени. Ние ветуваме и се обврзуваме дека ќе ја завршиме патната инфраструктура. Ќе го изградиме патот Букојчани – Кичево, ќе го завршиме патот Гостивар – Кичево, ќе направиме да има побрз проток на стоки и услуги со што ќе се даде можност на новите инвеститори да вложуваат во Република Македонија – рече Сајкоски.

    Додаде дека Македонија мора да ја ресетираме, институциите да ги реорганизираме, да станеме репрезент во регионот, бидејќи денес сме срам во регионот, а тоа можеме да го направи само ако добиеме силна и недвосмислена поддршка и ако сите, масовно излеземе на овие избори.

    – Излезете сите и масовно гласајте за Македонија да биде економски просперитетна, да биде правна држава, да ги искорениме криминалот и корупцијата. За да имаме правна држава, за да имаме економски просперитетна Македонија треба да имаме влада која што може да испорача за сите и која што нема да биде уценувана од никого, а тоа зависи од вас. Да направиме Македонија да не биде уценувана, да излеземе во што поголем број, да ги победиме со пенкало овие криминалци на власт и да донесеме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што ќе донесе раст, развој и правна држава – истакна Сајкоски.

    Ѓорѓија Сајкоски, ВМРО-ДПМНЕ, избори 2024, инфраструктура, проекти, платформа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img