Али Ахмети точно знае што зборувам и точно знае за неговиот соработник кој уживаше привилегии во претседателскиот апартман во луксузен хотел во Истанбул. Тој ја координира таа група што се движи на територија на Општина Бутел и Општина Чаир. Ги знаеме лицата и знаеме што прават, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за наводно вооружени лица што се собирале во Чаир.
Претседателот на ВМРО-ДПМНР вели дека тоа што имал да го каже во јавноста, го кажал.
– Дали МВР ќе постапува или не, ќе се обратите таму – рече Мицкоски на прашањето дали разговарал со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за таа информација.
Тврдењата на Мицкоски од ДУИ ги оценија како невистинити и намерно ширење на лажни вести со цел, како што велат, поттикнување на национализам во функција на прибирање на гласови и поделби во општеството.