More

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево изјави дека во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски откако денеска Министерството за правда соопшти дека е одобрена екстрадицијата од турските власти

    spot_img

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево изјави дека во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски откако денеска Министерството за правда соопшти дека е одобрена екстрадицијата од турските власти.

    – Во текот на денешниот ден добивме информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата за предметното лице, со тоа што нашите полициски службеници се во комуникација со турските колеги и се очекува во наредниот период да утврдат сѐ што е потребно од аспект предметното лице кое е прогон од страна на Обвинителството на РМ, да биде изнесено пред лицето на правда – изјави Тошковски.

    Прашан дали има конкретен рок кога треба да се испорача Палевски, министерот за внатрешни работи рече дека нема конкретен рок, но дека Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може во земјава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img