More

    Русите ракетираа само неколку часа откако Зеленски побара оружје од Западот

    spot_img

    Најмалку пет лица загинаа, 32 се ранети во руски ракетен напад врз пристанишниот град Одеса на Црното Море, изјави регионалниот гувернер. Ракетниот напад се случи само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски повика на побрза испорака на очајно потребното оружје на украинските војници.

    Meѓу нападнатите згради гори и готски објект покрај морето кој некои го нарекуваат „замокот на Хари Потер“, а според објавите во медиумите, се работи за куќата на Серхиј Кивалов, директор на Академијата за право од Одеса. Дојче Веле пренесе дека Кивалов бил во објектот во моментот на нападот и дека е опериран.

    Во вечерниот напад на Одеса загинаа три жени и еден маж, изјави гувернерот Олех Кипер на Телеграм.

    Подоцна додаде дека уште еден маж починал од мозочен удар, кој го доживеал како последица од нападот. Од 32 повредени лица, 25 се во болница, рече гувернерот.

    Меѓу нив има две деца на возраст од 16 и 5 години и една трудница. „Петгодишното дете е во исклучително тешка состојба“, изјави тој и додаде дека шест возрасни лица се во тешка состојба.

     

     

    Претходно во Киев, на заедничката прес-конференција со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, Зеленски рече дека мали количини оружје и муниција почнале да пристигнуваат во Украина, но повика да се забрзаат испораките.

    – Потребна ни е навремена поддршка за нашата армија. И денеска не гледам ништо позитивно во ова. Има залихи, почнаа полека, но овој процес треба да се забрза – изјави Зеленски.

    Протокот на оружје се очекува да се зголеми откако американскиот претседател Џо Бајден минатата недела го потпиша долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари. Бајден рече дека пакетот ќе вклучува муниција за противвоздушна одбрана за да и помогне на Украина да ги заштити своите градови и инфраструктура, артилериски гранати и ракетни системи со долг дострел.

    Столтенберг, кој беше во посета на украинскиот главен град по трет пат откако Русија започна општа инвазија во февруари 2022 година, призна дека „сериозните одложувања на поддршката значеле сериозни последици на бојното поле“.

    – САД не можеа да се договорат за пакетот со месеци, а европските сојузници не беа во можност да ја испорачаат муницијата во обемот што го ветивме – додаде тој, но исто така рече дека „на повидок е поголема поддршка“.

    На 29 април руското Министерство за одбрана објави дека го зазело селото Семенивка во областа Доњецк во источна Украина и дека напредува кон запад. Украина не го коментираше тврдењето, кое не може да се потврди независно.

    Највисокиот воен командант на Украина, генерал-полковник Олександр Сирски, во неделата предупреди дека ситуацијата на истокот на земјата е влошена и дека Русија напаѓа „по целата линија на фронтот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img