Властите го избркаа кинескиот научник кој прв ја објави низата на коронавирусот од лабораторија
Кинескиот научник кој прв ја испита и објави низата од новиот коронавирус започна протест откако властите го исфрлија од неговата лабораторија.
Вирологот Џанг Јонгџенг на кинеската платформа Веибо напиша дека тој и неговиот тим одеднаш биле известени дека биле исфрлени од нивната лабораторија.
Тие се соочуваат со притисок од властите од јануари 2020 година кога тој првпат ја објави низата на вирусот.
Објавата подоцна беше избришана.
Во знак на протест тој од неделата и покрај дождот седи пред својата лабораторија, рече тој во објавата која подоцна беше избришана.