Високата инфлација и забавувањето на американската економија се повеќе ги загрижува аналитичарите од Волстрит дека се поизвесно станува сценариото на „стагфлација“ на економијата во стилот на 1970-тите.
Извештаите за инфлацијата во првиот квартал во САД беа повисоки од процените, што говори дека ќе биде тешко да се задржи на очекуваното ниво како што се веруваше претходно.
Песимистички се и извештаите за економскиот раст на американската економија во првиот квартал. економијата неочекувано ослабна, растејќи со годишна стапка од само 1,6 %, што е најниска стапка од 2022 година.
– Ова беше најлошиот извештај во две области: побавен раст од очекуваниот, повисока од очекуваната инфлација. Најголемата пречка е забрзувањето на базичната инфлација, особено услужниот сектор, кој расте над пет проценти годишно – изјави Дејвид Донабедијан, главен инвестициски директор на американската консултантска компанија CIBC Private Wealth.
Таа комбинација на економска стагнација и висока инфлација е она што е познато како „стагфлација“, што се смета за најлош исход за Федералните резерви, наведуваат американските медиуми.