More

    Вишото јавно обвинителство во Заечар му предложило на судот продолжување на притворот на Срѓан Јанковиќ и на Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на 2-годишното девојче Данка Илиќ, за уште 30 дена

    spot_img

    Вишото јавно обвинителство во Заечар му предложило на судот продолжување на притворот на Срѓан Јанковиќ и на Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на 2-годишното девојче Данка Илиќ, за уште 30 дена.

    Осомничените се во притвор од 6 април поради ризик од бегство, можност за влијание врз сведоци и за уништување или за отстранување на трагите на делото, како и вознемирување на јавноста.

    Во притвор е и таткото на Дејан, под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.

    Полицијата по 10-дневна потрага и детална проверка на сите траги и информации, ги уапси Срѓан и Дејан за кои се сомнева дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на колата и го фрлиле на депонија.

    Телото на девојчето, кое исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор, сѐ уште не е пронајдено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img