More

    Славната актерка е вљубена во еден шпански град

    spot_img

    Холивудската актерка Ева Лонгорија со сопругот Хозе Бастон и синот Сантијаго се  преселуваат во Шпанија, пишува Page Six.

    – Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти во текот на втората половина од годината – изјави извор за медиумот. Тој забележува дека преселбата засега е привремена.

    Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купиле викендица таму на почетокот на 2023 година

    – Тоа е мојата оаза, мојот рај. Кога не сум тука, работам без престан – изјави актерката во едно од своите интервјуа.

     

    Куќата е многу пространа и сите членови на нивното семејство доаѓаат таму на одмор.

    – Тоа е викендица и доаѓаат мајка ми, сестрите и нивните деца. И, се разбира, има голема кујна – појаснува Лонгорија зошто ја сака својата шпанска паза. Таа откри и дека куќата ја купила по пет години потрага по совршено место за одмор за нејзиното семејство.

     

    – Првиот пат кога дојдов во Марбела, пред две децении, тоа беше љубов на прв поглед. Си реков: „Еден ден ќе живеам овде“ – вели ѕвездата на „Очајни домаќинки“.

    Семејната куќа во Беверли Хилс е ставена на продажба. Ја спуштија цената од 22,8 на 19,9 милиони долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img