Вработените во Фондот за здравство утре во 11 часот ќе излезат на предупредувачки протест поради незадоволството кај работниците за не усогласувањето на платите со растот на минималната плата, соопшти синдикатот на УПОЗ.
Вработените покрај усогласувањето на платите со минималната плата, бараат да се донесе вредносен бод и да се зачуваат тие плати што ги имаат вработените и веднаш да се разреши целиот Управен одбор на Фондот, а новите членови веднаш да донесат одлука со која ќе се заштитат вработените во фондот за здравство.
Доколку не се исполнат нивните барања вработените најавуваат штрак и блокада на ФЗОМ.