Голем број луѓе од време на време уживаат во алкохолни пијалоци. Сепак, некои многу често знаат да претераат, што не е добро за целокупното здравје. Меѓутоа, доколку сакате да го одржувате вашето здравје, познат невролог откри кога треба трајно да престанете да пиете алкохол.
Во својата книга „Како да се спречи деменција“ од 2023 година, неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак ја открил врската помеѓу алкохолот и шансите за добивање одредени болести, пишува Klix.ba.
Тој изјави дека алкохолот е „директен невротоксин“, што би значело дека редовното консумирање или пиење алкохол во големи количини може да биде штетно за функцијата на мозокот, вклучувајќи ги и другите органи.
„Запрашајте се: ‚Зошто пијам?
Рестак предложи сериозно да размислите да се откажете од алкохолот откако ќе наполните 65 години.
„Воопшто не пијам. Мислам дека треба да застанеш околу 65. На таа возраст, вашиот мозок веројатно консумирал алкохол колку што му е потребно на вашето тело.
Кога алкохолот го оштетува вашиот мозок, тоа влијае и на агилноста на вашето тело, зголемувајќи го ризикот од паѓање.
„Стапката на смртност од падови се зголемува, особено кај постарите мажи. „Пиењето може да биде особено опасно за оние кои веќе се погодени од други причини за паѓање, како што се мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата и лекови“, додаде тој.