More

    Моќен поздрав по промоцијата на полициските службеници по завршената едногодишна обука

    spot_img

    Новите полициски службеници и публиката која беше присутна во Центарот за обука во Идризово, ја запеаја „Бисер Балкански“ при свеченоста за нивна промоција. Вкупно 508 службеници рапортираа пред министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, па патриотски го поздравија.

    Во првиот дел од настанот, кога се интонираше македонската химна, Тошковски ги поздрави полициските службеници на кои им рече: „Пред да почнам со официјалниот дел од говорот, сакам да ви се заблагодарам, затоа што чувството да ја чуеш македонската химна од волкав голем број на патриоти кои си ја сакаат Македонија, морам да признаам дека е фантастично. Ви благодарам многу за тоа“.

    Едногодишната обука ја завршија 508 нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени.

    За време на официјалниот дел на овој свечен чин присуствуваа: Таљат Џафери, мин. Панче Тошковски, доп. мин. Митко Бојмацалиев и дир. на БЈБ Сашо Тасевски.

    Новите припадници на полициските служби беа поздравени од тех. премиер Џафери на албански јазик, а по завршувањето на церемонијата во центарот во Идризово, при спуштање на македонското знаме, новите македонски полициски сили кои ја завршија обуката ги поздрави министерот Панче Тошковски а тие му возвратија со поздравна песна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img