Велигден е еден од најрадосните и највеселите христијански празници, кој го симболизира воскреснувањето на Исус Христос, а Велики петок е најтажниот ден за христијаните бидејќи Исус бил распнат на Голгота.
Според македонските обичаи јајцата се бојадисуваат на Велики Четврток и на Велика Сабота, најчесто во црвена боја, која ја симболизира крвта на Исус, но и радоста.
На сите им е добро познато дека првото јајце се нарекува чувар на куќата и дека стои во текот на целата година за да ја „чува куќата“ до следниот Велигден.
Секој си го одредува бројот на јајцата за бојадисување според себе и своите потреби, но дали знаевте дека според традицијата и обичаите треба да се обојат само 33 јајца?
Бројот 33 го симболизира бројот на години кога Исус бил распнат.
Обичаите датираат од дамнешни времиња, се пренесувале од колено на колено, но овој важен дел некаде се изгубил и ретко кој денес бојадисува точно 33 велигденски јајца. Сепак, треба да се знае традицијата и симболиката што го означува големиот христијански празник.