Украина наскоро ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на седницата на Националното собрание на Белорусија.
Тој додаде дека сега е најдобрата ситуација за склучување мир во Украина, бидејќи ако Киев не почне сега да преговара, ќе ја загуби својата државност.
Според него, ситуацијата на украинскиот фронт во моментов е во ќорсокак и се создадени услови за мировни преговори.
Лукашенко оцени дека договорите постигнати на преговорите во Истанбул минатата година можат да станат почетна точка за преговори.
– Западот го претвори Киев во зависник од дрога, кој го држи на краток синџир со ветувања за ново оружје и финансирање – посочи Лукашенко.
Според него, на вооружените сили на Украина им недостасува не само муниција, туку и луѓе.
Тој истакна дека тие пари САД морале да ги испратат во Киев, бидејќи тоа е шанса да ги ослабат Москва и Минск.
– Затоа ќе испорачуваат ракети и други работи. Но, им недостигаат луѓе. Луѓето бегаат од војна – нагласи белорускиот лидер.