Крилата на црвената ветерница на врвот на Мулен Руж, најпознатиот париски кабаре клуб, паднаа на земја во текот на ноќта.
– Не знаеме што точно се случи. Крилата паднаа помеѓу 2 и 3 часот наутро. Никој не е повреден – изјави портпаролот на клубот.
Според француските медиуми, ова е прв пат ветерницата да се откачи и покрај тоа што механизмот се проверува секоја недела.