Силно невреме го зафати попладнево Белград. На социјалните мрежи се појавија видеа од невремето. На профилот на Инстаграм „Хаилц Србија“ објавено е видео од околината на Белград.
За неколку минути, силниот град ги побеле покривите на куќите. Во центарот на градот имаше пороен дожд проследен со грмежи.
Претходно денеска метеоролошкиот систем „Хаилц Србија“ соопшти дека во Србија во попладневните часови се очекува невреме. Црвената линија го означува секторот со најизвесна појава на суперќелии во периодот од 13:00 до 18:00 часот.