Ѕвездата на филмот „Идеја за тебе“, 41-годишната американска актерка Ен Хатавеј вели дека тестирањето на хемијата меѓу актерите во раните 2000-ти било одвратно, пренесува „IndieWire“.
Во интервју за магазинот „V“, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.
– Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата. Ми рекоа: „Денеска доаѓаат десет момци, а ти ја добиваш улогата. Не си возбудена да ги бакнеш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена. Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека е тешко со тебе да се работи, па се преправав дека сум возбудена – се присети таа.
Хатавеј објасни дека тоа не била игра за моќ, дека на тој начин никој не се обидувал да ја повреди или да биде ужасен, туку, вели актерката, тоа било други времиња.
Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм „Идеја за тебе“, во филмот актерката игра 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.
Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал „South by Southwest“, кој се одржа во март годинава. Критичарите на „Rotten Tomatoes“ го оценија со 95 проценти.