Откако Новаја газета ја објави веста дека се рускиот претседател Владимир Путин подготвува да го замени Рамзан Кадиров поради некроза на панкреасот, чеченскиот лидер на социјалните мрежи објави видео од теретана. Видеото тој го објави само неколку часа по првичната вест.
„Ден исполнет со многу настани заврши со вежби и позитивни чувства. Физичките вежби не само што го подобруваат телото, туку и расположението. Вечерниот тренинг е одличен начин да се опуштите и да ги наполните батериите”, напишал Кадиров на својот профил на руската социјална мрежа ВКонтакте.
Да потсетиме дека денеска беше објавена веста дека здравјето на Рамзан Кадиров е во опасност и дека Москва планира да го замени. Беше наведено дека изборот паднал на генерал-мајор Апти Алаудинов, кој во март го „префрлил“ јадрото на „Вагнер“ во единицата „Ахмат“, по што рускиот претседател Владимир Путин потпишал указ за назначување на младиот командант на функцијата заменик-шеф на Главниот директорат за воено-политичка работа на Министерството за одбрана на Русија.