Јелена Ѓоковиќ синоќа блесна на доделувањето на наградите „Лауреус“ каде се појави со својот сопруг Новак Ѓоковиќ, објави српски Блиц.
Новак синоќа доби уште една во низата престижни награди, но се чини дека Јелена со својот изглед „го засени“ најпознатиот српски тенисер.
Јелена носеше фустан од локален дизајнер чија цена е околу 500 евра.
Фустанот можеби чини „скромно“, но таа избра и скап накит од престижниот бренд „Картие“ чии цени се вртоглави.
Ѓерданот има 71 дијамант од 7,98 карати и 142 дијаманти од 6,77 карати, а на официјалната веб-страница чини 194.000 долари.
Обетките што ги носела се состојат од 19 дијаманти од 1,64 карати и од 10 дијаманти од 2,25 карати, а нивната цена е 78.500 долари.
На нејзината рака беше познатиот прстен „Panthère de Cartier“ со дијаманти и смарагди, чија цена е речиси иста со цената на обетките.
Само не се знае дали Јелена го купила овој накит вреден околу 350.000 евра или куќата „Картие“ ѝ го дала да го носи.