More

    Прогласен за најмиризлив град во светот: Париз е на второ место

    spot_img

    Можеби звучи малку чудно, но ако некогаш сте се запрашале кој град најдобро мириса, го имаме одговорот. Британската компанија HAIPP објави 10 европски градови кои најмногу мирисаат.

    Градот кој мириса најубаво на светот всушност не е многу далеку од нас.

    Истражувањето опфати 30 градови во Европа и пошироко.

    Градовите беа оценети врз основа на чистотата, бројот на цвеќарници, пекари и парфимерии. „Тајм аут“ пишува дека грчката Атина го зазеде првото место меѓу најмиризливите градови во светот.

    Овој историски град и еден од најстарите престолнини во светот доби оценка 8,3 од 10, благодарение на многубројните пекари и продавници кои оддаваат мирисни ноти.

    Исто така, Атина е цветен рај, со 31 цвеќарница и 22 парфимерии на 10 квадратни километри, што значи дека нежен мирис се шири во секој агол од градот.

    Кои други градови се на списокот?
    На второ место е Париз, а на трето е Цирих, Швајцарија, поради мирисот на багетите и чистите улици.

    Покрај нив, на оваа необична листа се наоѓаат Даблин (Ирска), Луксембург, Никозија (Кипар), Копенхаген (Данска), Букурешт (Романија), Валета (Малта) и Амстердам (Холандија).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img