Од средината на мај до почетокот на јуни Украина ќе биде во тешка ситуација, но без катастрофални последици, изјави шефот на украинската воена разузнавачка служба, Кирило Буданов за Би-Би-Си Украина.
– Според наше мислење, во блиска иднина ќе се соочиме со прилично тешка ситуација. Но, тоа не е катастрофално, исто така мора да се разбере. Армагедон нема да се случи, како што многумина сега почнуваат да зборуваат. Но, ќе има проблеми од средината на мај – предвидува Буданов.
Буданов појасни дека неговите предвидувања се однесуваат на цела Украина, а не само на ситуацијата во борбената зона. Тој рече дека „Русите ќе користат сеопфатен пристап“.
– Тие (Русите) спроведуваат сеопфатна операција. Нема да зборуваме многу за тоа, но ќе биде тешко. Средината на мај, почеток на јуни – нагласи Буданов.
Експертите од Институтот за проучување на војната оценија дека руските сили најверојатно ќе ги интензивираат своите тековни офанзивни активности и напади со проектили и дронови во следните недели, со цел да го искористат периодот до пристигнувањето на американската воена помош.