Синоќа во 19.23 часот, земјотрес, со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала, е почувствуван во Риека, објави хрватски Јутарњи лист.
Првите информации укажуваа на земјотрес со јачина од 2,9 степени. Корисниците на мрежите тврдат дека почувствувале тресење на земјата кое траело неколку секунди.
Според граѓаните, земјотресот особено бил почувствуван во Гробник.
„Како да имаше 2 експлозии, една по друга“, „Навистина ме исплаши“, се дел од коментарите на социајлните мрежи.
Набргу по првиот, почувствуван е втор послаб земјотрес.
Во текот на ноќта, корисниците на ЕМСЦ се јавија да пријават земјотрес.
„Како гром“, „Се плашам да спијам вечерва“, „Во паника сум!“, „Дали сме во Бермудскиот триаголник или што? Земјотрес по земјотрес, веќе со денови!“, се дел од коментарите на ЕМСЦ.
Сеизмолошката служба потврди дека умерен земјотрес со епицентар на 7 километри северно од Риека ја погодил областа Риека во 19.25 часот.