More

    Ескобар во Шпанија е симбол на криминал и бројни злосторства

    spot_img

    Судот на правдата на Европската Унија го отфрли барањето за регистрирање на името „Пабло Ескобар“ како трговска марка, бидејќи тој назив се поистоветува со дрога и организиран криминал.

    Порториканска компанија поврзана со семејството на Ескобар поднесе барање во септември 2021 година да го регистрира името на озлогласениот колумбиски наркобос како заштитен знак за своите стоки и услуги во ЕУ. Во меѓувреме, и Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ (ЕУИПО) одби да ја прифати регистрацијата на брендот, затоа што „за европската јавност тоа е спротивно на вредностите на ЕУ“, се вели во образложението.

    „ЕУИПО го одби барањето за регистрација со образложение дека ознаката е спротивна на јавната политика и ги прифати моралните принципи“, се вели во соопштението на Судот и се додава дека ЕУИПО се потпира на „гледиштето на шпанската јавност каде што Ескобар е најпознат поради поврзаноста меѓу Шпанија и Колумбија“.

    Според барателите, пак, имињата како Бони и Клајд, Ал Капоне и Че Гевара веќе се регистрирани како заштитен знак во ЕУ, па следствено – и за „Пабло Ескобар, кој поради неговите многубројни добри дела за сиромашните во Колумбија, стана митска фигура во мејнстрим популарната култура“, треба да важи истото. Аргумент повеќе е тоа што Ескобар не е судски осуден криминалец.

    Според Судот, „фундаменталното право на презумпција на невиност на Пабло Ескобар не е повредено бидејќи, иако тој никогаш не бил кривично осуден, во Шпанија јавноста го доживува како симбол на организираниот криминал и бројни злосторства“.

    Ескобар, убиен во 1993 година, беше сметан за водач на озлогласениот картел во Меделин и со десетлетија важеше за еден од водечките и најбогати криумчари на кокаин во светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img