More

    Вашингтон дал зелено светло за новата израелска офанзива во Рафах

    spot_img

    САД го прифатија израелскиот план за копнена операција во јужниот дел на Газа во градот Рафах во замена за откажувањето од плановите за голем израелски напад врз Иран, објави „Тајмс оф Израел“ (Time of Israel), повикувајќи се на неименуван египетски функционер.

    – Американската администрација покажа дека го прифаќа планот што претходно го претстави окупаторската влада за воената операција во Рафах, во замена за неизвршување голем напад врз Иран – изјави неименуван египетски функционер за катарскиот медиум Ал Араби ал-Џадид.

    Тој додаде дека Египет се подготвува за можните последици од инвазијата на Рафах, каде, според израелските медиуми, се лоцирани 4 баталјони на палестинската милитантна група Хамас и над еден милион цивили кои побегнале од другите делови на Појасот Газа, а се претпоставува дека таму се и лидерите на Хамас и израелските заложници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img