Силен студен бран вчера не врати во зима, а на многу места падна снег. Најмногу снег е измерен на Копаоник и Златибор, но се’ уште е по траги, односно четири сантиметри и два сантиметри снег. На други места снегот не се задржа, туку се стопи во контакт со земјата.
До крајот на неделата ќе бидеме под влијание на студена воздушна маса, но најстудениот ден се уште е зад нас. Во наредните денови температурата ќе биде во благ пораст, односно ќе се движи околу априлскиот просек и до 15 степени.
Во текот на денот облачно, повремено ќе врне слаб дожд, на планините слаб снег. Сепак, тмурното и суво време ќе се задржи во поголем дел од денот. Ќе дува умерен до засилен северозападен и западен ветер. Максималната температура од 9 до 14 степени.
Во петок времето е облачно, во првиот дел од денот можен е слаб дожд, попладне врнежите ќе престануваат. Во сабота дождот ќе биде главно јужно од Белград, додека во недела повторно очекуваме дожд во целата земја. Температурата во наредните денови ќе се движи околу просекот за април, од 13 до 17 степени.