Министерството за надворешни работи реагирало до Европскиот парламент за употребата на придавката „северномакедонски“ и дека грешката е веќе отстранета од веб страницата на Европарламентот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за надворешни работи соопшти дека реагирало до Европскиот парламент за употребата на придавката „северномакедонски“ и дека грешката е веќе отстранета од веб страницата на Европарламентот.

– Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија континуирано укажува на точната употреба на уставното име на државата и државјанството на граѓаните на Северна Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до Европскиот парламент за конкретниот случај, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации. Дополнително, би сакале да потврдиме дека по нашата реакција грешката беше веднаш корегирана – посочуваат од МНР.

На веб страницата на Европскиот парламент, вчера, беше објавен документ во кој се анализира евроинтегративен пат на Северна Македонија и Договорот од Преспа, а владата е наречена „северномакедонска“.

Согласно Преспанскиот договор, придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции треба да биде во согласност со официјалното име на државата, „на Република Северна Македонија“ односно нејзиното скратено „на Северна Македонија“.

Share This Article