Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски ракети „Калибар“ погодиле складиште за оружје донирано од САД и Европа во областа Запорожје во Украина. Рускуте воздушни сили уништиле 59 украински цели во текот на ноќта, пренесува Индекс.
„Ракети со голем дострел уништија хангари во близина на фабриката во Запорожје, кои содржеа големо количество странско оружје и муниција доставени од САД и европските земји до украинските војници“, рече Конашенков.