More

    Екс началникот на Петата управа во УБК кој е во бегство, Горан Грујевски вчера бил уапсен во Загреб по распишана меѓународна потерница од македонските власти но денеска бил пуштен на слобода

    spot_img

    Екс началникот на Петата управа во УБК кој е во бегство, Горан Грујевски вчера бил уапсен во Загреб по распишана меѓународна потерница од македонските власти но денеска бил пуштен на слобода, дознава ТВ Телма.

    Хравсткото МВР и Интерпол доставиле информација до МВР вчера за приведувањето, како и за последната информација од утрово дека тој е пуштен на слобода.

    Според извори на Телма, одлуката да се пушти на слобода се должи на фактот што на Грујовски му бил одобрен азил во Грција.

    – Во текот на вчерашниот ден од страна на Интерпол – Хрватска добивме информација дека Г.Г. е приведен. Денеска, исто така од Интерпол Хрватска добивме известување дека го ослободиле Г.Г. – рекоа од МВР за МИА.

    Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски во јули 2017 година побегнаа од Македонија во Грција откако беа обвинети во судскиот процес „Таргет Тврдина“, поврзан со нелегалното масовно прислушување.

    Грујевски и Бошковски беа уапсени на 18 октомври 2017 година на аеродромот во Солун со лажни бугарски пасоши, под имињата Неџби Хасан и Христо Атанасов.

    Министерството за правда засега нема официјална потврда за информацијата за Грујевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img