Само три професии ќе останат имуни на овој феномен на вештачката интелигенција(ВИ). Вака размислува познатиот техно-милијардер Бил Гејтс во белешките на својот онлајн блог „Гејтс ноутс“.
Трите места кои нема да бидат автоматизирани, кои ќе одолеат на ВИ според Гејтс се работните места во енергетиката, во биологијата и работните места на луѓето кои ќе ја дизајнираат самата вештачка интелигенција, односно, алатките за работа со ВИ.
Гејтс верува дека овие три типови професии остануваат незаменливи.
Инаку, Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) прогнозираше дека до 2025 година две од три работни места на планетата ќе бидат под влијание на вештачката интелигенција.
Светскиот економски форум лани објави дека 14 милиони луѓе низ светот би можеле да ја загубат работата.
Техномилијардерот Илон Маск, пак, неодамна изјави дека вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката веќе следната година.
Уште еден техномилијардер од САД, Сем Алтман, кој стои зад компанијата која го развива Чат ГПТ смета дека вештачката интелигенција ќе побарува толку многу енергија што во иднина ќе бидеме приморани да ja напојуваме со нуклеарна фузија – нова технологија која се истражува и се развива со децении, но тешко дека ќе ја добиеме за брзо.