ОН: Илјадници убиени, девет милиони раселени за време на една година војна во Судан

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Sudanese security forces deploy along a street in Gedaref city in eastern Sudan on April 3, 2024. (Photo by Ebrahim Hamid / AFP)
- Advertisement -
Ad image

Војната во Судан започна пред една година, а според Обединетите нации, оттогаш околу девет милиони луѓе се внатрешно раселени, додека околу милион луѓе ја напуштиле земјата.

Илјадници луѓе се убиени во војна која е во сенка на конфликтите во Газа и Украина.

Обединетите нации побараа 2,7 милијарди долари за финансирање на хуманитарни потреби, но добија 155 милиони долари, што е само шест отсто од бараната сума.

Суданската армија, предводена од генералот Абдел Фатах Бурхан, се бори против паравоените сили за брза поддршка, со кои командува генералот Мохамед Хамдан Дагало.

Обединетите нации предупредија дека војната ќе остави последици за идните генерации.

Се проценува дека три милиони судански деца се неухранети, а околу 19 милиони деца не одат на училиште. Една четвртина од суданските болници повеќе не функционираат.

Хуманитарните организации тврдат дека во конфликтот најмногу страдаат жените и децата.

Share This Article