Еден од убијците на девојчето Данка од Србија, Дејан Драгијевиќ(50) и неговиот брат Далибор се карале за тоа каде да го пренесат нејзиното мртво тело, ја криеле локацијата еден од друг или престанале да комуницираат меѓу себе. Во овие три нешта се сомнева српската полиција, пишува Мондо.
Причината зошто се истражуваат овие можности е што Дејан и брат му Далибор дале нелогични изјави за тоа каде телотo е закопано.
Дејан призна дека го убил детето, а неговиот брат наводно пред смртта во притвор признал дека помогнал да се пренесе телото. Но, никој од нив, како што тврдеа, не „помни“ ниту „знае“ каде е фрлено телото.
– Сè досега укажува на тоа дека браќата не ги усогласиле своите приказни или дека некои работи ги правеле одделно еден од друг. Сега се шпекулира дека во еден момент настанал конфликт меѓу осомничените, па дури и постои можност тие да ги преместиле тело независно еден од друг на повеќе различни локации.Нивното однесување е сосема необјасниво. Дејан Драгијевиќ ја донел полицијата на Брестовачки мост тврдејќи дека телото е таму, но ниту на таа локација полицијата не нашла трага, а истото било точно со другиот брат. Она што единствено останува нејасно е улогата на таткото на Раде Драгијевиќ и тоа се истражува – вели извор близок до истрагата.
Српските медиуми пишуваа дека постои можноста Данка да е закопана таму каде што најмалку се очекува, на гробиштата во селото Злот, каде што беше пребарувано. На истите гробишта вчера беше погребан братот на Дејан, Далибор.
Полицијата собрала голем број предмети од домот на фамилијата Драгијевиќ, вклучувајќи и лопати и мотики.
Српските медиуми вчера исто така напишаа дека братот на убиецот во својата изјава дал 20-тина лажни локации за тоа каде се наоѓа телото. Продолжува истрагата и толкувањето на нелогичните изјави на браќата.
Данка исчезна на 26 март во дворот на викендичка во Бањско Поле, а откако двајца вработени во јавното претпријатие „Водовод“ кај село Бор го признаа злосторството. Српската полиција на возилото „фиат панда“ со кое тие поминувале крај пат најде траги од ДНК која се совпаѓа со ДНК-та на Данка.