Тројца холандски скијачи загинаа денеска во голема лавина кај скијачкиот центар Солден на австриските Алпи, соопшти австриската полиција.
Жртвите биле дел од група од 17 скијачи од Холандија кои се качувале кон планинско прибежиште со четворица австриски водичи, соопшти тиролската полиција.
„Непосредно пред 11 часот, за време на искачувањето кон засолништето Мартин Буш, источно од врвот Талеит, се појави лавина долга околу 180 метри и широка 80 метри“ – се вели во соопштението од полицијата
Четворица членови на групата биле однесени од лавината, од кои двајца биле мртви кога спасувачите ги пронашле. Другите двајца ги нашле повредени. Еден од нив со хеликоптер бил пренесен во болница, а другиот останал на планината и подоцна починал, информираат од полицијата.