Германскиот министер за одбрана направи споредба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја спореди војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина со анексијата на територијата на Чехословачка од страна на Адолф Хитлер во 1938 година и порача дека Европа треба да се подготви за руски напад од големи размери.

– Путин нема да запре откако ќе заврши војната против Украина. Тој тоа и многу јасно го кажа. Исто јасно како Хитлер, кој исто така секогаш велеше дека нема да запре – рече Писториус доцна синоќа на промоцијата на новата книга за британскиот воен водач Винстон Черчил.

Германскиот министер за одбрана е член на Социјалдемократската партија на канцеларот Олаф Шолц и важи за најпопуларен политичар во Германија.

Писториус, кој се смета за можен наследник на Шолц, минатата недела повика на олабавување на ограничувањата за задолжување на Германија со цел да се помогне во зајакнувањето на војската на земјата откако ќе се исцрпи специјалниот вонбуџетски фонд вреден 100 милијарди евра во 2027 година.

– Мораме да ја вратиме оваа земја во позиција каде што може да се брани. Треба да одлучиме сега дали сакаме да се подготвиме за остварување на вистинската закана од Путин или дали сакаме да му олесниме – рече германскиот министер за одбрана.

Share This Article