Глобалните капацитети на електрани на јаглен на историски максимум

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во најновиот извештај на „Глобал енерџи монитор“ (Global energy monitor) се наведува дека глобалните капацитети на електраните на јаглен во 2023 година забележале раст од 2% и се на историскиот максимум.

За таквата ситуација придонесе Кина со изградба на нови капацитети. Кина минатата година додала 47 гигавати нови производствени капацитети на јаглен, што претставува 66% од вкупниот број на нови капацитети.

На второ и трето место се Индија и Индонезија, кои исто така отвориле нови капацитети за јаглен.

Во извештајот се посочува дека минатата година забави затворањето на електраните на јаглен ширум светот.

Минатата година биле пуштени во употреба 69,5 гигавати електрани на јаглен, додека 21,1 гигавати биле затворени. Според извештајот, глобалниот капацитет на електраните на јаглен минатата година се зголемил за 48,4 гигавати на вкупно 2.130 гигавати.

– Резултатите од 2023 година се аномалија, бидејќи сите показатели укажуваат на спротивен тренд, изјави директорката на програмата за јаглен на „Глобал енерџи монитор“ – Флора Шампеноа.

Таа додаде дека е потребно побрзо затворање на електраните на јаглен и да не се градат нови капацитети.

– Во спротивно, можеме да заборавиме на исполнувањето на нашите цели од Парискиот договор за климата – нагласи Шампеноа.

Share This Article