ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗАПОЧНА ПОСТАПКА ЗА ПОЖАРОТ ВО УНИВЕРЗАЛНА

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар, откако претходно локацијата е обезбедена и создадени се неопходните услови, информираа од Јавното обвинителство.

„Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај“ – се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.

„Бидејќи сè уште трае фазата на прибирање докази, односно до овој момент не е утврдено дека пожарот настанал како последица на човечки фактор, вчера во полициска станица беа земени изјави од три задржани лица, по што тие беа пуштени со оглед на тоа што во оваа фаза нема основ за нивно натамошно задржување“ – велат од Јавното обвинителство.

Share This Article