38-годишна кавадарчанка пријавила во полиција дека лице со кое била во љубовна врска извршило полови дејства врз нејзината малолетна ќерка.
„На 9 април во 21.00 часот во ОВР Кавадарци, 38-годишна кавадарчанка пријавила дека на почетокот на месец март, врз нејзината малолетна ќерка било извршено полово дејствие, од лице со кое била во љубовна врска и кое било полнолетно“ – информираат од СВР Велес.
За настанот известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.