Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денеска објави дека се повлекува од Мастерсот во Монте Карло поради повреда на мускулот на десната подлактница.
– Тренирав во Монте Карло и се обидував до последен момент да се рехабилитирам, но тоа не беше можно и морав да се повлечам – напиша Алкараз во објавата на Твитер.
Алкараз во второто коло требаше да игра против Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасим.
Шпанецот поради повреда го пропушти и минатогодишниот Мастерс во Монте Карло.
фото: МИА