More

    Шест лица се сметаат за исчезнати, а 10 се повредени, од кои четворица потешко во експлозија во хидроцентрала во Италија

    spot_img

    Шест лица се сметаат за исчезнати, а 10 се повредени, од кои четворица потешко во експлозија во хидроцентрала во Италија. Повредените се здобиле со тешки изгореници.

    Италијанските медиуми јавија дека кај браната на езерото Сувијана, која се наоѓа меѓу Болоња и Фиренца, попладнево околу 15 часот дошло до експлозија.

    Полицијата и пожарникарите трагаат по исчезнатите лица.

    – Се чини дека избувна пожар на деветтиот кат, целата електрана е под нивото на езерото на околу 30 метри длабочина – објасни градоначалникот на Камуњано, Марко Масинара.

    Според првите, делумни информации, во моментот на експлозијата во хидроцентралата се извршувале поправки на турбините и внатре имало персонал.

    – Ми рекоа дека пожарникарите се обидуваат да влезат, но имаат потешкотии – појасни градоначалникот.

    Портпаролот на компанијата „Енел Грин Пауер“ соопшти дека имало пожар на трансформаторот и посочи дека ги преземале сите безбедносни мерки за евакуација и заштита на персоналот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img