More

    СВИКAНА ЧЕТИРИЕСЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

    spot_img

    Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:

     

    Р Е Ш Е Н И Е
    ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТАТА СЕДНИЦА
    НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

     

    ЈА СВИКУВАМ четириесетата седница на Советот на општина Охрид на ден 16.04.2024 година ( вторник ) со почеток во 09:00 часот.

    Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.

    За седницата го предлагам следниот:

     

    Д Н Е В Е Н   Р Е Д

     

    Усвојување на Записникот од 39-та седница

     

    1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за распределба на добивката остварена во работењето на ЈП Водовод Охрид за период 01.01. – 31.12.2023 година.
    2. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните службеници, давателите на услуги и помошно техничките лица на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.
    3. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за отпис, расходување и отуѓување на погребална опрема на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.
    4. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за продажба на движни ствари – возила по пат на електронско јавно наддавање на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.
    5. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката на Училишниот одбор на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид за усвојување на Извештајот на Комисијата за недвижни и движни ствари.
    6. Предлог-одлука за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од град во општина Охрид на ден 24.06.2023 година.
    7. Предлог-заклучок за усвојување на Информацијата за Физибилити студијата за развој на касарна Охрид во технолошко-рекреативна зона.
    8. Предлог-одлука за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2024 година во општина Охрид.
    9. Предлог-одлука за утврдување на почетна цена за поставување на урбана опрема рекламни паноа – билборди и информативни табли на канделабри.
    10. Предлог-одлука за поставување урбана опрема – покриени и непокриени шанкови со локации на подрачјето на општина Охрид за периодот 2024 – 2027 година.
    11. Предлог-одлука за поставување урбана опрема – рекламни паноа – билборди и информативни табли на канделабри на подрачјето на општина Охрид за периодот 2024 – 2029 година.
    12. Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2024 – 2026 година.
    13. Предлог-одлука за утврдување Нацрт – ДУП за УЗ 12, УБ 13-опфат 2, Oпштина Oхрид, 2022 – 2027.
    14. Предлог-одлука за донесување техничка исправка на Детален урбанистички план Урбана заедница 8 Урбан Блок 8.2 – Охрид, Општина Охрид, за ГП 11.3 на КП 11395/1 во КО Охрид 2 / УЕ 8 УБ 8.2 – Охрид / Блок 11, Општина Охрид.
    15. Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на ГП 6.5, ГП 6.6 и ГП 6.7 во ДУП за УЗ 10 и УЗ 11, УБ 10.4 и УБ 11.1 Влашка Маала и Градинар, општина Охрид.
    16. Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП 3.71, ГП 3.72 и ГП 3.73 во ДУП за 6-та Урбана заедница, УБ 6.2 опфат 1 во КО Охрид 2, општина Охрид.

     

     

     

    СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
    Претседател
    Сашо Донев

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img