Македонскиот пејач Ламбе Албаковски деновиве ги минува во Австралија, а на Инстаграм тој сподели видео на кое ја пее песната „Оган да го гори“ пред операта во Сиднеј.
Тој е на турнеја низ Австралија, заедно со Стефан и Мартин од „Некст тајм“, како и со Николче Мицески.
Но, ова не беше единствената песна што Ламбе ја испеа за своја душа, но и за мерак на публиката.
Тој објави и видео на кое ја пее „Каде песно моја“, па доби куп пофалби од своите следбеници.
Во продолжение, погледнете го видеото: